Трамп го фали FBI, но жали за влијанието на пакетите-бомби врз изборната динамика на републиканците

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ја пофали „извонредната работа“ на американското Федерални биро за истраги (FBI) по апсењето на едно лице на Флорида во текот на истрагата за експлозивни пакети упатени на адресите на видните политичари од Демократската партија, и изрази жалење поради влијанието на аферата врз динамиката на кандидатите на Републиканската партија.

„Сакам да ги пофалам FBI, Тајната служба, министерството за правда и сите сили за воспоставување на редот ширум земјата“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп од Белата куќа, оценувајќи дека потрагата по осомничениот во овој случај личела на „барање игла во стог сено“. Претседателот не сакаше да го прецизиран идентитетот на уапсениот, ниту неговите мотиви.

„Тоа се срамотни дела за кои нема место во нашата земја. Не можеме да си дозволиме политичкото насилство да се вкорени во Америка. Мораме да му покажеме на светот дека сме обединети“, истакна Трамп.

Американскиот министерство за правда објави дека уапсило лице коешто некои медиуми го идентификуваа како 56-годипниот Сезар Сајрок помладиот, кој живее на Флорида и има полициско досие.

Претседателот Трамп, исто така, отворено изрази жалење поради влијанието на аферата со таканаречените „пакети бомби“ кои никого не повредија а за кои сѐ уште не е официјално потврдено дека навистина биле експлозивни направи или само наликувале на такви, додека трае кампањата за изборите за Конгресот на половината од претседателскиот мандат и оцени дека тоа оди на штета на динамиката на кандидатите на Републиканската партија.

„Републиканците имаат добри резултати според анкетите, но кога се појави приказната за ‘бомбите’ таа динамика забави. Тажно е што се случува ова. Републиканците одете да гласате!’, напиша Трамп на Twitter.

Ставајќи го во пораката зборот бомба во наводници, Трамп ја минимизира заканата од ткн експлозивни направи, од кои некои беа испратени на адресите на неговиот демократски претходник Барак Обама и на неговата демократска противкандидатка од претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон.

Не се малку ниту политичките десни коментатори во САД кои сметаат дека станува збор за исценирање случај со лажни пакети, чијашто цел е да се направи пресврт во полза на демократите на парламентарните избори на 6-ти ноември кои се доживуваат како клучни.

Според анкетата објавена во петокот демократите по аферата направија разлика од 10 процентни поени за изборите во Конгресот, односно 50 отсто од испитаниците рекле дека би гласале за демократскиот кандидат, додека 40 отсто се изјасниле во полза на републиканскиот. Анкетата е водена од 21-ви до 23-ти октомври, со маргина на погрешка од 3,9 отсто.

Според редовната анекета којашто ја води радиото на државниот канал NPR/PBS и агенцијата Marist Poll, стапката на популарноста на Доналд Трамп паднала за три бода на 39 отсто во однос на септември, додека Трамп го истакнува зголемувањето на стапката на популарноста на 47 отсто, што е рекорд во испитувањата на јавното мнение од неговото влегување во Белата куча на 20-ти јануари 2017 година.

Во петокот беше објавени дека е уапсено првото лице во рамките на истрагата за експлозивни пакети, откако биле испратени до уште две лица.

„Можеме да потврдиме дека едно лице е уапсено“, напиша на Twitter портпаролката на американското министерство за правда најавувајќи ја прес-конференцијата којашто би требало да е во тек.

Таа не изнесе детали, но телевизиите во директните преноси прикажуваат инсерти од градот Плентејшн , влизи Форт Лодердејл на Флорида, каде што е уапсен маж со полициско досие. Снимено е и бело комбе наводно поврзано со осомничениот , а снимки од слично комбе со про-Трамп етикети на стаклата се објавуваат на социјалните мрежи од страна на неолибералните активисти.