Републиканскиот сенатор Марко Рубио е новиот државен секретар, пратеникот Метју Луис „Мет“ Гаец Втори е министер за правда а Тулси Габард шефица на разузнавачката заедница – ова се последните во низата номинации за клучни тепозиции во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп .
Рубио ќе биде „силен застапник за нашата нација, вистински пријател на нашите сојузници и бестрашен воин кој никогаш нема да отстапи од нашите противници“, рече Трамп во изјавата во средата.
Педесет итригодишниот Рубио е познат како „кинески јастреб“, отворен критичар на комунистичката влада на Куба и силен поддржувач на Израел.
Во април тој беше еден од 15-те републикански сенатори кои гласаа против големиот пакет воена помош за Украина и ги поддржаа другите американски партнери, вклучително и Израел. Во своите последни интервјуа рече дека Киев треба да бара договорно решение со Русија, наместо повторно да ги зазема сите територии што Москва ги окупираше во последните десет години.
Во средата, Трамп ја номинираше Тулси Габард, 43-годишна поранешна демократска конгресменка и критичар на претседателската администрација на демократот Џо Бајден, за негов директор на националното разузнавање. Габард, која ги напушти демократите во 2022 година и стана независна пратеничка, на тој начин ќе ја преземе највисоката функција во американската разузнавачка заедница.
Таа беше распоредена во Ирак од 2004 до 2005 година како мајор во Националната гарда на Хаваите, а сега е потполковник во резервниот состав на американската армија.
Откако ја напушти Демократската партија, таа беше сè повеќе критична кон Бајден и неговата администрација и стана популарна меѓу конзервативците, често појавувајќи се во десничарските ТВ и радио емисии каде стана позната по нејзината поддршка на изолационистичката политика и нејзиниот презир кон “woke“ движењето.
Зборувајќи за номинацијата на републиканскиот „јастреб“ Мет Гаец за министер за правда, Трамп најави дека „Мет ќе стави крај на владата која цели на политичките неистомисленици за сметка на сопствените интереси, ќе ги заштити нашите граници, ќе ги разбие криминалните организации и ќе ја врати сериозно разнишаната доверба на Американците во Министерството за правда“.
Блиските соработници на Трамп ја опишаа позицијата на секретарот за правда, кој е и државен обвинител, како најважниот член на администрацијата по Трамп, бидејќи тој е клучен за неговите планови за масовни депортации, помилување на луѓето кои сметаа дека изборната победа на Бајден е измама и упаднаа во Конгресот од 6-ти јануари 2021 година и да им се одмазди на оние кои го политички и кривично го рогонуваа во изминатите четири години.