Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа во четвртокот учеството на годинешниот Светски економски форум во швајцарски Давос кој се одржува од 21-ви до 25-ти јануари, појаснувајќи дека оваа одлука ја донел поради делумната блокада на федералната американска влада.
„Поради непопуствливоста на демократите кога станува збор за безбедноста на границите и поради важноста на безбедноста за нашата земја, го откажувам својот важен пат во Давос, во Швајцарија, на Светскиот економски форим“, објави на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот челник во средата нагло го прекина состанокот со демократските првенци во Белата куќа посветен на финансирањето на ѕидот на мексиканската граница за кој тој бара во законот за буџетот да се предвидат и 5,7 милијарди долари за финансирање на ѕидот на мексиканската граница за кој Трамп смета дека е од клучна безбедноста важност за САД во поглед на запирањето на нелегалните миграции, како и на трговиите со луѓе и со дроги.
Американскиот претседател за споменатиот состанок во неговата резиденција напиша на микроблогот дека бил организиран за да се прекине блокадата на владата но оти бил „потполно губење на времето“.
Во четвртокот На двеасеттиот ден од делумната блокада на федералната влада предизвикана од споменатите несогласувња околу ѕидот, кусиот состаник меѓу Трамп и демократските челници во Сенатот – Чак Шумер, и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, како и други партиски првенци, заврши без најави за решение. „Штотуку заминав од состанокот со Чак и Ненци, потполно губење на времето“, објави американскиот претседатели на Twitter.
Претходно во средата во обраќањето до нацијата од Овалниот кабинет во кој им порача на Американците дека преговорите за неговиот безбедносен проект се во ќорсокак. Трамп инсистира на споменатата сума за градење на ѕидот, но демократите кои на ноемвриските избори го освоија мнозинството во Претставничкиот дом, се противат на тоа поради што пропаднаа преговорите за владата. На располагање на претседателот за да ги издејствува овие средства му стои и овластувањето да прогласи вонредна состојба, за којашто рече дека засега не ја разгледува, но минатата седмица предупреди дека блокадата на американската влада би можела да потрае „со месеци, па дури и со години“.
Околу три четвртини од програмата на федералната влада ќе се финансираат до 30-ти септември следната година кога завршува фискалната година во САД, меѓутоа финансирањето на другите, вклучително и на министерствата за национална безбедност, за правосудство и за земјоделие, истече на полноќ кон саботата. Националните паркови ќе бидат затворени и повеќе од 400.000 ткн „основни“ вработени во овие агенции ќе работат без плата додека не биде решен спорот. Другите 380.000 ќе бидат на „распуст“, што значи дека ќе бидат испратени на принуден одмор. Силите за одржување на редот, граничните патроли, испораките на поштенски пратки и операциите на аеродромите ќе продолжат со работа.
Речиси три седмици речиси 800.000 вработени во сојузната влада не примаат плата. Така, веќе по два дена би можел да биде надминат рекордот во најдолгиот прекин на работата на американската влада кој изнесуваше 21 ден, кон крајот од 1995 и на почетокот од 1996 година, во времето на демократскиот претседател Бил Клинтон. Ова е третата блокада на американската влада (Government Shutdown – шатдаун) оваа година, по оној во јануари кој траеше три дена и во февруари кој потрае само неколку часа. Претходниот од октомври 2013 година се развлече во 16 дена.