Трамп го тужи CNN за клевета

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделник поднел тужба за медиумската куќа CNN за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долар/

Трамп во својата тужба поднесена пред судот во Форт Ладердејл во сојузната држава Флорида, тврди дека телевизијата CNN го искористила своето значително влијание да му нанесе политички пораз.

Од телевизијата засега не ја коментираа тужбата.

Поранешниот републикански претседател на 29-те страници од тужбата наведува дека CNN тенденциозно долго го критикувала, но дека тоа се засилило изминатите месеци, бидејќи планира повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Во тужбата се наведуваат примери кои ги правела CNN на Трамп со германскиот нацистички водач Адолф Хитлер, вклучително и прилогот од јануари 2022 година на Фарид Закарија, кој ги вклучувал снимките на поранешниот диктатор.

Трамп, кој сѐ уште тврди дека изборите во 2020 година се лажирани во полза на неговиот демократски противкандидат актуелниот претседател Џо Бајден, сѐ уште официјални не потврди дека ќе се кандидира на изборите во 2024 година.