Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата играше голф со својот домаќин јапонскиот премиер Шинзо Абе и врачи трофеј на турнир во сумо борење, со што се сврти кон ткн лична дипломатија во текот на вториот ден од неговата псоета на Јапонија, што остана во сенката на острите разговори за трговијата.
Трамп е незадоволен од големиот јапонски суфиците во трговијата со САД и рагледува воведување повисоки царини на увозот на јапонски автомобили, доколку не биде постигнат билатерален троговски договор. САД и Кина, исто така, се во скап трговски спор кој се одрази негативно врз светските финансиски пазари.
Сепак, во неделата Абе и Трамп биле насмеани додека играле голф и подоцна кога со сопругите Акие и Меланија го следеа финалето од петнаесетдневниот турнир во сумо борење, кој го освои младата јапонска ѕвезда во овој спорт Асонојами.
Трамп по дрвените скалила дошол до сумо рингот и му го врачил на дваесет и петгодишниот Асонајами претседателскиот пехар, трофејот со белоглав орел, американскиот национален симбол.