Трамп и Бајден одговараа на прашања на гласачите

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот противкандидат на изборите на 3 ноември, Џо Бајден одговараа на прашањата на гласачите на одделни настани откако беше откажана нивната меѓусебна дебата.

Трамп одговараше на прашања еден час во Мајами, Флорида, додека Бајден беше во Филаделфија, Пенсилванија. И двата настана беа на телевизија истовремено, иако дебатата со Бајден траеше 30 минути подолго.

И на двајцата им се вршеше притисок како ќе се справат со пандемијата со корона вирусот.

Трамп за прв пат рече дека ќе го прифати резултатот од фер избори, но повторно изрази сомнеж дали ќе бидат такви.

Бајден ја отвори дебатата со гласачите критикувајќи го начинот на кој Трамп се справи со пандемијата. Бајден рече дека тоа е „одговорност на претседателот да ја води“, а Трамп не го стори тоа. Бајден исто така го критикуваше Трамп за, како што рече, недостаток на поактивен ангажман со Конгресот за усвојување на нов пакет за спас за Американците кои сериозно беа погодени од пандемијата.