Американскиот дневен весник The New York Times во средата објави дека американскиот републикански претседател Доналд Трамп, кој својот демократските противкандидат Џо Бајден сака да го прикаже како слаб во однос на политиките кон Пекингт, со години се обидувал да развие деловни односи во Кина и дека таму имал отворена досега непозната банкарска сметка.
Меѓутоа, Трамп возвраќа и повтори дека Хантер Бајден на својот татко Џо Бајден му купил пристап во Украина и во Кина, кога овој беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.
Во написот на The New York Times се наведува дека Трамп додека траела првата трка за претедател на САД во 2016 година сѐ уште имал канцеларии во Кина и стапил во преговори за остварување партнерство со компанија која е под контрола на кинеската влада.
Весникот анализирајќи ги даночните пријави на компанијата „Trump International Hotels Management“ утврдил дека Трамп во Кина држел досега непозната банкарска смета и дека отворени банкарски сметки има во само уште две странски земји: Велика Британија и Ирска.
Споменатата компанија на Трамп, како што пишува NYT, од 2013 до 2015 година за обид да издејствува деловни дозволи за работа во Кина платила даноци во висина од 188.560 долари.
Правниот застапник на „Trump Organization“, Алан Гартнер, појаснува дека компанијата „отворила банкарска сметка во кинеска банка која има канцеларии во САД за да ги плати локалните даноци“.
„Никакви договори, трансакции или други деловни активности никогаш не биле материјализирани и од 2015 година тоа биро е неактивно. Иако сметката и натаму е отворена, никогаш не е користена за ниедна друга цел“, изјавил за NYT Гартен.
Весникот, кој е декларирано критички насочен кон Трамп, потсетува дека американскиот претседател ја смета Кина како најголема закана за САД и глобалната демократија и оти започна трговска војна којашто Пекинг го чини милијарди долари.
Според весникот, Трамп во 2008 година се обидел да започен градежен проект во Гуанжу но безуспешно, а во 2012 година отворил канцеларија во Шангај. Имало наводно и обиди да воспостави деловна соработка со кинеска државна компанија за производство на електрична енергија, но и од тоа се откажал.
Даночните пријави на Џо Бајден и неговите финансиски активности не укажуваат на никаква поврзаност со Кина, тврди NYT.
Меѓутоа, според претходните извештаи на американските медиуми, потсетува AFP, на Сенатскиот комитет за безбедност и финансии, откриени се деловни врски на неговиот син Хантер Бајден во Украина и во Кина.
Станува збор за милионски договор на Хантер Бајден со најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma Holdings“ којашто во 2016 година беше под истрага за корупција но според медиумите под влијание на Џо Бајден тогашниот украински претседател Петро Порошенко го сменил државниот обвинител и истрагата била прекината.
Инаку, основач на „Burisma Holdings“ е Микола Злочевски, поранешен министер во владата на соборениот украински претседател Виктор Јанукович, додека мнозинскиот пакет акции го држи прорускиот олигарх Игор Коломојск.
Во извештајот за истрагата се наведуваат и други деловни аранжмани Хантер Бајден со странски партнери, како што се донации од 3,5 милиони долари на Елена Батурина, вдовица на поранешниот московски градоначалник за која се смета дека е блиска на рускиот претседател Владимир Путин.
Хантер Бајден, според истиот извор, во 2013 година по посетата на неговиот татко Џо Бајден на Кина, ја основал компанијата „Bohai Harvest“ на чија сметка биле уплатени 1,5 милијарди долари од сметка на кинеската влада.
Покрај тоа, синот на потпретседателот Бајден во 2014 година станува инвеститор во кинеската компанија „China General Nuclear“ (CGN), којашто била под истрага на американското Федерално биро за истраги (FBI) поради кражба на нуклеарни тајни.
Написот на The New York Times доаѓа откако претходната седмица весникот The New York Post објави електронска преписка на синот на Џо Бајден од периодот кога тој беше американски потпретседател со лице од управата на украинската енергетска компанија „Burisma“ кои посочуваат дека била користена неговата позиција како главна личност задолжена за Украина во Вашингтон.