Трамп информиран, Пентагон го коментираше иранскиот напад

Иран истрелал балистички проектили врз американските бази во Ирак, потврди ноќта кон средата помошникот американски министер за одбрана за односи со јавноста, Џонатан Хофман.

„Околу 5,30 чаасот по источноамериканско време на 7-ми јануари, Иран истрела десетина балистички ракети врз американските воени бази и на коалицијата во Ирак, Хасно е дека проектилите беа лансирани од Иран, а цели им беа најмалку две ирачки воени бази каде е распореден персонал на американската војска и на коалицијата, во Ал Асад и во Ербил. Работиме над прелиминарните процени на штетите“, изјавил Хофман.

Ветил дека САД ќе ги преземат „сите неопходни мерки“ за да ги заштитат своите војници, партнери и сојузници во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп е информиран за нападите врз базите во Ирак и ја следи состојбта, изјави портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

„Свесни сме за за извештаите за нападите врз американски објекти во Ирак. Претседателот беше брифиран и внимателно ја следи состојбата и се консултира со тимот за национална безбедност“, изјави портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

Воздухопловната база Аин ал-Асад во западниот пустински дел на Ирак, Трамп ја посети во декември 2018 година,.

Нападот, кој сѐ уште е во тек како што забележува AFP, се случува речиси 24 часа по спротиставените информации од САД, каде што воениот врв тврди дека американските војски се повлекуваат од Ирак, согласно барањето на парламентот во Багдад, а Пентагон негира.

Неколку земји членки на меѓународната коалиција предводена од САД веќе ги повлекоа своите војници од Ирак поради страв од нови ракетни напади, Од крајот на откомври беа регистрирани петнаесетина слични напади врз базите во кои се стационирани силите на коалицијата,