Во интервјуто за Вашингтон Пост во вторникот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секогаш и’ верува на својата внатрешна интуиција и покрај советите од паметните експерти околу него, истовремено упатувајќи незадоволство кон заменик претседателот на централната банка.
Сите знаеме дека Трамп си има високо мислење за себе и се доживува како одлична личност.
Неговите изјави од стилот „Јас сум премногу паметен“ или „Многу стабилен генијалец“, постојано не потсетуваат дека иднината на Америка е во сигурни раце. Но, ова станува загрижувачко кога човек со „одврзани раце“ , кој знае да изненади со самостојни одлуки од типот разделување на децата од сопствената фамилија на сред граница или започнување нуклеарна војна со Северна Кореја се изјасни дека планира да си „тера по свое“ и да не ги ферма експертите.
Обраќајќи и се на јавноста по објавата на Генерал Моторс дека планираат да отпуштат повеќе од 14.000 вработени, како и падот на берзата и стравот од можна економска криза, Трамп рече:
Правам зделки, и не се водам по мислењето на Федерални резерви (Фед). Тие прават грешка бидејќи јас имам интуиција, а мојот инстинкт секогаш ми кажува многу повеќе од било кој памет во државава.
Осврнувајќи се со критики кон Џером Пауел, директорот на централната банка, тој додаде:
Досега не сум ни малку задоволен со мојот избор во однос на Џеј. Дури ни малку. И не дека обвинувам некого, но ви кажувам дека Фед резерви не знаат баш што прават.
Ова не е првпат Трамп да рече дека знае повеќе од експертите. Да го заокружиме крајот на годината со дел од неговите попознати изјави од ваков вид.
- Вмешувањето на Русите во изборите
И покрај податоците на разузнавачките агенции, кои со факти и докази тврдеа дека Русите се замешале во американските избори во 2016, Трамп рече дека преферира да му верува на поранешниот шеф на руската државна безбедност (КГБ) и моментален претседател на Русија, Владимир Путин. После завршувањето на APEC (Економска соработка на Азија и Пацификот) самитот, кој се одржа на почетокот на годинава, американскиот претседател рече:
Секогаш кога Путин ќе ме види ми вели: ’Јас не го сторив тоа’. И јас навистина верувам во тоа, он навистина го мисли тоа што го зборува.
- Северна Кореја
Кога го прашаа дали е спремен за историската средба со диктаторот Ким Џонг-ун, која се одржа на почетокот на годинава, Трамп рече:
Не сметам дека треба нешто посебно да бидам спремен.
Продолжувајќи со изјавата: Се е во ставот, се е во желбата да се средат работите. Така што, ова не е прашање за подготвеност туку прашање за дали сакаме тоа да случи, а тоа ќе го дознаеме многу набрзо.
- Климатските промени
Еве една тема за која, според мислењето на Трамп он особено многу има познавање.
Всушност, токму во истото интервју на Вашингтон Пост, претседателот повторно, и покрај консензус со научници, меѓу кои 97 отсто тврдат дека глобалното затоплување е поради постапките на човекот, сепак Трамп рече:
Еден од проблемите што луѓето како мене со висока интелигенција го имаат е дека не веруваме многу.
Тука продолжи:
Ги гледате нашиот воздух и вода, и во моментов се рекордно чисти. А дали е умешан човечки фактор и дали ефектите за кои говорите се таму некаде или не, јас не ги гледам.