Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Велика Британија треба да одбие да плати за истапувањето од Европската унија во висина од 39 милијадри фунти и од ЕУ и да си замине од преговорите за Брегзитот доколку Брисел на Лондон не му го даде она што го сака.
Во интервјуто за The Sunday Times, објавено пред неговата официјална посета на Велика Британија, американскиот претседател Доналд Трамп вели и дека следниот британски челник би требало да го прати Најџел Фараж да ги води преговорите со ЕУ.
Сумата од 39 милијарди фунти, или 50 милијарди американски долари, Лондон би требало да му ги исплати на Брисел како отстапнина поради неисполнувањето на обврските кон ЕУ поради напуштањето на блокот.
„Доколку јас бев на нивното место (британските власти), тогаш не би им платил 50 милијарди долари. Така би постапил јас. Не би платил, тоа е огромна сума“, вели американскиот претседател.
Трамп потврдува дека ѝ предлагал на британската премиерка во заминување Тереза Меј да ја тужи ЕУ, со цел да има поголем притисок и влијание врз Брисел.
„Како одговор на грешките што ги направи ЕУ и кои го чинат Обединетото Кралство многу пари и му нанесоа голема штета, јас ова прашање би го ставил на разгледување, било да е во форма на судски спор или побарување. Но тие (Британците) се одлучија да не го прават тоа. Ќе биде многу тешко за Велика Британија да постигне добар договор, кога ќе влезат во преговори на овој начин“, вели Трамп.
Трамп му предлага на Лондон да го следи патот на истапување на ЕУ без договор, доколку властите во Унијата одбиваат да ѝ го осигураат на британската страна она кон што таа се стреми. Американскиот претедател советува и познатиот евроскептик Најџел Фараж, челникот на новата Партија Брегзит кого го опишува како „многу интелигентен човек“, да биде испратен во Брисел за преговорите со европските челници.
Трамп, исто така, ветува дека од своја страна ќе вложи максимални напори за да склучи со Велика Британија договор за слободна трговија во текот на неколку месеци, што би му помогнало на Лондон да ги надомести загубите претрпени како резултат на промените во трговските односи со ЕУ.