Трамп најави испорака на вакцината следната седмица, Болсонаро нема да се вакцинира

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во четвртокот дека испораките на вакцината против коронавирусот ќе започнат следната седмица, а неговиот политички истомисленик и поддржувач, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во петокот порача дека нема да се вкацинира против коронавирусот во последната од неговите изјави со кои изразува сомневање во програмата за вакцинирање против SARS-CoV-2.

Во разговорот со американските трупи во странство преку видео-врска, по повод одбележувањето на Денот на благодарноста, Трамп рекол дека вакцината на почетокот ќе биде испратена за персоналот во првоте редови на борбата против пандемијата, односно медицинските работниети и постарите граѓани. Претходно американскиот претседател вети дека до крајот на годинав во САД ќе бидат произведени 100 милиони дози од вакцината за Covid-19 и доволно за до април 2021 година да бидат вакцините 330 милиони Американци.

Малку подоцна конзервативниот десен бразилски челник Жаир Болсинаро, кој често споделуваше минимизирачки ставови со Доналд Трамп околу опаноста од коронавирусот иако и двајцата беа заразени со него, изјави дека Конгресот веројатно нема да бара вакцинирањето за Бразилците да биде задолжително.

Бразил, по САД, е втората земја во светот според бројот на починатите од Covid-19, а Болсонаро и покрај тоа што во јули беше заразен од вирусот сѐ уште не ја прифаќа здравствената сериозност на пандемијата.

„Ви велам, нема да ја земам (вакцината), тоа е мое право“, рекол Болсонаро,

Бразилскиот претседател во емисијата, исто така, изразил сомневање во делотворноста на носењето маски, тргнувајќи од тоа дека има малку докази за ефикасноста на маските во запирањето на преносот на вирусот.

Болсонаро повторил дека од сонародниците нема да бара задолжително да се вакцинираат, кога вакцината ќе стане широко достапна. Тој во октомври на Twitter, објави дека вакцината ќе биде потребна само за неговиот пес.

Сепак, во Бразил каде постои широка инфраструктура од медицински и фармацевтски лаборатории, се спроведуваат масовни испитувања на неколку од најсериозните светски кандидати за вакцина против Covid-19. Исто така, постигнати се договори за производство на вакцините кога ќе бидат достапни во бразилски погони.
.