Американскиот претседател Доналд Трамп во разговорот со новинарите во Белата куќа во петокот, порача дека ќе стави вето на резолуцијата којашто би го блокирала неговото прогласување на вонредна состојба, а исто така зборуваше и за односите со Кина, за повлекувањето од Сирија и мировните преговори во Авганистан.
Доналд Трамп прогласи вонредна состојба минатата седмица, со што деблокира средства со кои може да го гради ѕидот на границата со Мексико, откако Конгресот со мнозинството на демократите одби да одобри 5,7 милијарди долари во буџетот за следната фискална година за истата намена, што беше едно од клучните предизборни ветувања на републиканскиот претседател.
Претставничкиот дом на Конгресот, кој го контролираат демократите, претходно во петокот претстави резолуција со која се сака да се блокира одлуката на американскиот претседател, а за којашто треба да се гласа во вторник. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека пратениците со тоа сакале да го заштитат американскиот устав.
„Прогласувањето од страна на претседателот (на вонредната состојба) очигледно го крши исклучивото овластување на Конгресот да има контрола над буџетот“, рече Пелоси.
Доколку одлуката биде изгласана во двата дома, Претставничкиот дом и во Сенатот, во Конгресот ќе биде потребно двотретинско мнозинство за да се надмине ветото од претседателот.
Трамп, исто така, на новинарите има кажа дека неговата одлука за задржување помал број американски сили во Сирија не е противречна на неговата изјава од декември со која вети повлекување на, според процените меѓу 2.000 и 2.500 војници кои служат во оваа земја. Американскиот претседател одлучи да остави 400 војници во Сирија, распоредени меѓу безбедната зона по должина на североисточната сириска граница со Турција и американската воена база Танф, во близина на границата со Ирак и Јордан.
Кога станува збор за американските сили во Јужна Кореја, Трамп рекол дека нивното намалување нема да биде една од темите на претстојниот самит со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во виетнамски Ханој. „Тоа не е еден од елементите на масата“, рекол Трамп во одговор на новинарско прашање. Околу 28.500 американски војници се постојано распореден во Јужна Кореја по завршувањето на Корејската војна кон половината од минатиот век.
Американскиот претседател рекол и дека, доколку забележи придвижувања во преговорите со Кина, ќе биде наклонет на премстување на преговорите зад последниот рок закажан за 1-ви март, со што сугерирал дека веројатно двете најгиолеми светски економии ќе постигнат договор.
Вашингтон и Пекинг се во преговори со кои сакаат да ги намалат трговските тензии пред крајниот рок, по што САД имаат намера да ги зголемат царините на кинескиот увоз од 10 на 25 отсто. Но Трамп им објаснил на новинарите во своето обраќање во Овалниот кабинет дека поради напредокот во разговорите, рундата за преговорите оваа седмица била продолжена. Додал дека царините, доколку двете земји постигант договор, нема да бидат зголемени.
Трамп рекол дека наскоро очекува средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг, веројатно во март во Мар-е-Лаго, каде што двајцата челници би требало да ги донесат најважните трговски одлуки, иако ја оставил отворена можноста кинескиот претседател да не ги исполни сите услови.
Американскиот претседател на новинарите им зборувал и за односите со Пакистан, кои се многу подобрени во последниот период, и според Трамп наскоро би можело да се случи некоја средба. Американските посредници велат дека Пакистан може да одигра важна улога во преговорите за постигнување мир во соседен Авганистан, пореди нивните врски со талибаните.