Трамп: Направив сјајна работа со ИСИС, 100 проценти се отарасив од калифатот

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сакал да го „елиминира“ сирискиот претседател Башар ал Асад во 2017 година, но тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис се спротиставил на операцијата.

– Бев повеќе за тоа да се отстрани. Се беше подготвено за тоа. Матис не сакаше да го направи тоа. Матис беше многу преценет генерал и го пуштив да замине, истакна Трамп за телевизијата „Фокс њуз“.

Трамп истакна дека Матис бил „лош лидер“.

– Беше грозен кон мене, беше грозен генерал, посочи Трамп.

Тој исто така го обвини пензионираниот генерал дека не успеал да ја победи Исламска држава во Ирак и во Сирија.

– Се отарасив од ИСИС кога тој замина. Направив сјајна работа во врска со ИСИС, 100 отсто се отарасив од калифатот, посочи Трамп.

Матис поднесе оставка од функијата во 2018 година