Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано во неделата изјави дека нема причини да ја преслушува снимката која се доведува во поврзаност со убиството на саудискиот дисидентски новинар Џамал Кашоги во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во турската метропола Истанбул на 2-ри октомври.
Во разговорот емитуван на телевизискиот канал Fox News, американскиот претседател Доналд Трамп вели дека имал пристап и оти бил известен за снимката од убиството на Џамал Кашоги, до којашто дошла владата на Турција.
Убиството е „многу силно, свирепо и ужасно“, вели Трамп и потврдува дека добил доволно информации, како и оти не е потребно лично да ја преслушува снимката од „патењето, тоа е ужасна снимка“.
Претходно во саботата американскиот претседател рече дека се подготвува „целосен извештај“ за убиството на новинарот Кашоги кој од 2017 година живееше во егзил во САД и пишуваше за весникот The Washington Post. Извештајот, како што рече Трамп, ќе биде објавен во понеделник или вторник, или можеби во текот на следната седмица.
Американскиот Стејт департмент во саботата објави дека Вашингтон не донел „конечен заклучок“ за убиството, а Трамп дека заклучокот на разузнавањето е „многу преуранет“