Американскот претседател Доналд Трамп нема да го потпише привремениот закон за буџетот со кој би се избегнала парализата на дел од федералната администрација, бидејќи тој закон не го содржи финансирањето на ѕидот на границата со Мексико, изјави во четвртокот виск функционер од Републиканската партија.
„Претседателот ни кажа дека нема да го потпише законот кој вчера вечерта стаса од Сенатот, бидејќи е загрижен за безбедноста на границите“, изјави претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, по средбата на водечките републиканци со претеседателот Доналд Трамп.
Оваа одлука на Трамп ги зголемува шансите да дојде до прекин во функционирањето (ткн шатдаун) на владата пред католички Божик, бидејќи рокот за постигнување на договор за буџетот меѓу двата дома на Конгресот и Белата куќа е одреден за во петок вечерта.
Републиканскиот претседател инсистира финансирањето на градењето на ѕидот во износ од 5 милијарди долари да биде вклучени во буџетот. Овој ѕид е еднo од неговите главни предизборни ветувања, но идејата не ја прiфаќаат демокrатите, но и некои републиканци.
„Ќе се вратиме во Претставничкиот дом и ќе работиме. Сакаме владата да остане отворена, но сакаме и да постигнеме договор за заштитата на нашите граници“, додаде Пол Рајан.
Сенатот во средата вечерта изгласа итна мерка за избегнувањето да биде затворена администрацијата, текст кој би овоможил федералната влада да остане потполно функционална до 8-ми февруaри. Објавувањето дека Трамп се противи на овој текст ги загрижува финансиските кругови. Њујоршката берза во четвртокот рано попладнето падна за 2 отсто.