Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ги повика Американците погодени од зимските бури, да бидат внимателни, пренесе АП.
„Бидете внимателни и обидете се да не излегувате од домовите. Голем дел од земјата страда од исклучителни врнежи и речиси рекордни студови”, напиша Трамп на “Твитер”. Во текстот тој истакна дека „нема да е лошо, ако сега има малку од старото добро глобално затоплување”.
Be careful and try staying in your house. Large parts of the Country are suffering from tremendous amounts of snow and near record setting cold. Amazing how big this system is. Wouldn’t be bad to have a little of that good old fashioned Global Warming right now!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 20, 2019
Трамп често ги доведува во прашање научните аргументи за постоењето на глобалното затоплување. Тој и претходно направи анализи на краткорочни модели на временските услови со долгорочните промени во климата, иако се спротивни на Националната проценка на климата, изготвена од Белата куќа.
Зимските бури во североисточните и централните региони на САД предизвикаа обилни снежни врнежи и речиси рекордни ниски температури. Во северниот дел на државата Њујорк снежната покривка достигнува 28 см, а делови од Нова Англија се покриени од речиси 60 сантиметри снег. Комбинацијата од врнежи и температури под нулата предизвика хаос во воздушниот сообраќај, а денес низ земјата беа откажани околу 5.000 летови. Првите пообилни снежни врнежи за годинава во главниот град Вашингтон и околните држави Мериленд и Вирџинија ја парализираа работата на компаниите и институциите и предизвикаа хаос во транспортот. Властите во засегнатите области препорачуваат луѓето да се воздржат од патување со своите приватни возила.