Поранешниот американски претседател Донал Трамп објави во саботата дека очекува следниот вторник на 21- ви март ќе биде приведен врз основа на „стари и целосно разоткриени“ обвиненија
Според републиканецот, кој најавува дека ќе се кандидира нов мандат на претседателските избори во 2024 година, на својата социјална мрежа Truth Social посочи дека за ова дознал од истечени информации од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен. Портпаролот на окружниот обвинител, инаку, за американските медиуми одбил да ги коментира наводите.
„Незаконското истекување на информациите од корумпираната и многу исполитизирана канцеларија на окружниот обвинител на Менхетен… сведочат дека, иако не е докажана вина, врз основа на стари и целосно побиени обвиненија од други бројни обвинители …. поранешниот претседател на САД ќе биде приведен следната седмица во вторник“, објави Трамп.
„Водечкиот кандидат од Републиканската партија и поранешен претседател на САД ќе биде уапсен во вторникот. Излезете да протестирате, вратете ја нашата нација, вратете ни ја нашата држава!“, порачува потоа поранешниот американски претседател.
Канцеларијата на окружниот обвинител на Мехнетен, Алвин Брага, претходно годинава започна да претставува наводни докази на големата порота кој ја истражува исплатата од 130.000 долари на Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Доналд Трамп, на порно ѕвездата Сторми Даниелс во последните денови од кампањата за изборите во 2016 година.
Даниелс, чиешто право име е Стефани Клифорд, тврдеше дека имала афера со Трамп повеќе од деценија пред тој да се кандидира за претседател на САД. Трамп негираше дека аферата се случила.
Канцеларијата на Брага претходно месецов го повика Трамп да сведочи пред големата порота којашто повторно го истражува случајот со наводни тајни исплати, изјави Сузан Нешлис, адвокатка на Трамп.
Според правните експерти, тоа е сигнал дека е блиску подигнување на обвинение.
Во 2018 година Коен се изјасни за виновен за сојузна повреда на финансирање на кампања со организирање на исплати за Даниелс и уште една дела. Рече дека Трамп го упатил да ги изврши уплатите. Но канцеларијата на американскиот државен обвинител на Менхетен не го обвини Трамп.
Коен сведочел пред големата порота во понеделникот и повторно во средата, според изјавата на неговиот адвокат Лени Дејвис. Адвокатката на Даниелс, пак, потврди дека нејзината клиентка минатата седмица разговарала со обвинителите. Постапките на големата порота, инаку, не се јавни.