Трамп одново ја критикуваше „лажната книга“ на Мајкл Волф

Американскиот претседател Доналд Трамп тераше подбишега со ткн полемична книга која ја доведува во сомнеж неговата способноста за управување, нарекувајќи ја лажна книга, додека функционери од неговата администрација наводно интервјуирани во книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“ (Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп),ги негираат изјавите и ја бранат „политичката генијалност“ на претседателот.

Дебатата за 45-от претседател на САД ја поттикна во петокот објавената книга „Fire and Fury: Inside the Trump White House“ (Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп), на новинарот Мајкл Волф. Авторот изнесува портрет на њујоршкиот магнат со недвижнини, тврдејќи дека целото опкружување на претседателот во Белата куќа се сомнева во лидерските способности на Доналд Трамп. Авторот пишува за наводна неспособност за концентрација, гуење на помнењето и наклонетост кон телевизијата како главен извор на негово информирање.

Волф во неделата во разговорот за телевизијата NBC News рече дека главната цел му била да напише книга која е намерно ненаклонета на претседателот.

„Би бил одушевен со поинаква приказна: ‘Доналд Трамп, тој неочекуван претседател, всушност ќе успее’. Но тоа не е случај. Нема да успее. Полошо е отколку што мислевме“, појасни авторот.

„Морам да се гњавам со лажната книга која ја напишал потполно дискредитиран автор“, напиша американскиот претседател во твитот ден откако претходниот ден се опиша како „многу стабилен гениј“ одговарајќи на обвинувањата за неговите интелектуални способности.

Функционерите од Белата куќа, исто така, во политичките емисии изминатиов викенд и во неделата ја бранеа способноста на Трамп да ја води земјата.

Мајкл Волф тврди дека книгата е компилација од доверувања на претседателот и околу 200 советници на ТРамп во текот на 18-те месеци изборна кампања и по претседателските избори.

Во еден дел од книгата се наведува дека, наводно, поранешниот главен стратег на Белата куча, Стив Бенон рекол дека смета оди синот на претседателот, Доналд Трамп помладиот сторил „предавство“ сеќавајќи се во јуни 2016 година со руската адвокатка во Њујорк, за која му било кажано дека наводно поседува компромитирачки информации за кандидатката на демократите, Хилари Клинтон.

Овој навод го разгневи претседателот Трамп кога рече за својот поранешен главен советник дека „го загубил разумот“, што непријателски настроените медиуми го доведоа во поврзаност со истрага за наводниот можен договор на кампањата на Трамп со Русија за влијание на американските избори во 2016 година во полза на републиканскиот кандидат.

Бенон во неделата ги негираше своите обвинувања за синот на претседателот.

„Доналд Трамп помладиот е патриот и добар човек. Моите зборови се однесуваа на Пол Манафорт“ (поранешен шеф на кампањата на Трамп кој е обвинет во ткн „руска афера“ но возврати со тужба за специјалниот обвинител Роберт Мјулер), изразувајќи жалење поради „доцнењето на мојот одговор на неточните информации во врска со Дон Џуниор“.