Трамп отворено против абортусот: Секој живот е подарок од Господ, бебињата имаат право на живот

Американскиот претседател Доналд Трамп ја започна својата кампања за реизбор во 2020 година во вторникот, кога ја нагласи острата поделбата меѓу републиканците и демократите во врска со заштитата на неродените деца.

„Буквално секој главен демократ, сега го поддржува и абортусот што го финансира даночниот обврзник до моментот на раѓање, и ги кине бебињата директно од мајчината утроба, рече Трамп во Орландо, Флорида. “Водечките демократи дури се спротивставија на мерките за спречување на погубувањето на децата по раѓањето го видовте тоа во Вирџинија“, рече Трамп.

„Републиканците веруваат дека секој живот е света дарба од Бога додаде претседателот. Затоа, побарав од Конгресот да го забрани екстремниот абортус во последните месеци“, рече Трамп.