Трамп покренува нова социјална мрежа TRUTH Social

Претходниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја лансира сопствената социјална мрежа TRUTH Social којашто, како што вели, ќе им се спротеистави на „Big Tech“ компаниите како Facebook и Twitter кои од политички причини му го забранија пристапот на нивните платформи.

Мрежата TRUTH Social че биде создадена преки новата компанија којашто настана со спојување на „Trump Media and Technology Group“ (TMTG) и аквизицијата на компанијата SPAC, се наведува во соопштението кое го објавија двете фирми.

„Живееме во светот во кој талибаните имаат огромна присутност на Twitter, додека вашиот омилен американски претседтело е замолчен. Тоа е неприфатливо. Возбуден сим што наскоро ќе ја испратам својата прва ВИСТИНА на TRUTH Social. TMGT е основан со мисија на сите да им даде гласа. Возбуден сум што наскоро ќе почнам да ги споделувам своите размисли на (мрежата) TRUTH Social и чче се бои против Big Tech-от“, наведува Трамп во соопштение.

Претходно синота на поранешниот претседатело, Доналд Трамп помладиот во интервју за телевизијската мрежа Fox News ги најави формирањето на компанија која ќе ја води новата социјална мрежа

„Big Tech долго ги замолчуваше конзервативните гласови. Вечерва мојот татко го потпиша дефинитивниот договор за спојување на за да го формира она што на крајот ќе бидат Trump Media and Technology Group и TRUTH Social – платформа за секој кој сака да ги изрази своите чувства“, рече Трамп џуниор.

Водечките големи платформи за социјалните мрежи, меѓу кои во прв ред Facebook, YouTube и Twitter, ги блокираа профилите на Трамп со повеќе десетици милиони следбеници, откако тој ги оспори минатогодишните претседателски избори тврдејќи дека тие се украдени во полза на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден и беше обвинет дека го поттикнал упадот на Капитол Хил во Вашингтон.

Потегот дел од американската јавност го смета и за своевидна одмазда на технолошките гиганти во САД поради истрагата од страна на администрацијата на Трамп за нивната преголема доминација на пазарот и можното нарушување на прописите за спречување монополски позиции на пазарот.

„Честитки. Сега Facebook и Twitter ќе загубат уште поголеми делови од пазарот“, објави Џејсон Милер, поранешен советник на Трамп, а сега сопствениј на друга социјална мрежа Gettr.