
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ја повика Русија да ги повлече своите воени сили од Венецуела и предупреди дека се отворени „сите опции“ тоа да биде постигнато.
„Русија мора да излезе“, реча Трамп пред новинарите во Овалната канцеларија каде што се сретна со Фабијана Розалес, сопругата на венецуелскиот опозициски челник и самопрогласен привремен венецуелски претседател, Хуан Гуаидо.
Два руски воени транспортера атерираа во саботата во близина на венецуелската престолнина Каракас, а со нов пристигнале околу стотина припадници на руските воени сили. Американските власти претпоставуваат дека станува збор за припадници на специјалните сили и персонал за кибернетичка безбедност.
На прашањето како ќе постигне руските војници да си заминат, Трамп возвратил „Ќе видиме. Сите опции се отворени“.
Трамп и потпретседателот Мајк Пенс се сретнаа со Розалес да ѝ ја изразат поддршката за нејзиниот сопруг кој се повика на уставот за да го преземе претседателствувањето во јануари годнава, неколку месеци откако на претседателските избори повторно победи социјалистичкиот претседател Николас Мадуро, за која Гуаидо вели дека не била легитимна.
„Доаѓањето на руските воени авион овој викенд во Венецуела, САД го сметаа за непожелна провокација. Ја повикуваме денеска Русија да ја прекине својата помош на режимот на Мадуро и да застане зад Јуан Гуаидо, да застане со народот ширум хемисферата и ширум светот додека повторно не се воспостави слободата“, порача Пенс.
На тоа реагираше челникот на Комисијата за надворешна политика во рускиот парламент Леонид Слуцкиј кој изјавите на американскиот претседател не може да им диктира на Русија и на Венецуела како ќе ги градат своите билатералните односи.
„Чудна изјава во духот на колонијалните манири. Тамо не може да диктира ниту на Венецуела, ниту на Русија, како да ги градат билатералните односи, каде, во какви сфери и на чија територија ќе соработуваат“, коментираше Слуцкиј.
Оцени дека таквите изјави „не се ништо друго освен продолжување на линијата на бруталното мешање во работите на суверена земај, во нејзината соработка со друга земја“.
„Особено со вознемирувачката закана за примена на ‘сите опции за дејствување’ за да се принуди Русија да излезе од Венецуела… САД повторно се обидуваат да ја наметнат својата волја со помош на ‘правото на силата’ игнорирајќи ја силата на правото“, додаде Слуцкиј.
Тој порача дека „Вашингтон прво треба да покаже со сопствениот пример како тоа се ‘излегува’, исполнувајќи ги свои ветувања во Сирија“.