Американскиот претседател Доналд Трамп потврди во вторникот дека главниот американски епидемиолог Ентони Фаул, шеф на кризниот штаб на Белата куќа за борба против коронавируост, ќе сведочи пред Сенатот, и оти сенаторите ќе имаа можност да му поставуваат прашања за одговорот на федералната влада на епидемијата.
„Доктор Фаучи ќе сведочи пред Сенатот. Тој се радува на тоа“, изјави Трамп за новинарите пред Белата куќа пред заминувањето за сојузната држава Аризона каде што ќе посети фабрика за медицинска опрема.
Фаучи, кој е долгогодишен директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (NIAID), стана своевидно заштитно лице на борбата против коронавирусот во САД.
Републиканците имаат мнозинство во Сенатот, а претседателот Трамп рече дека Фаучи нема да сведочи пред долниот дом на американскиот Конгрес – Претставничкиот дом, каде што мнозинство имаат демократите.
„Тие (демократите) искрено сакаат да бидеме неуспешни, што значи смрт“, рече американскиот претседател опишувајќи ги демократите како „мразачи на Трамп“.
Трамп, исто така, смета дека предвидувањата за удвојување на смртните исходи како резултат од коронавирусната болест Covid-19 не ги земаат предвид мерките преземени од властите за спречување на епидемијата. Тврди дека во спорниот извештај се наоѓа проекција на бројот на починатите „без ублажување“ на ширењето во време на рестрикциите, а дури и доколку државите се отворат, социјалната дистанца и другите мерки ќе останат на сила.
„Тој извештај не ги зема (предвид) мерките за да се минимизира (влијанието на коронавирусот)… Но ние правиме многу за неговото сузбивање“, изјави Трамп пред новинарите.
Порача дека ќе интервенира доколку гувернерите на сојузните држави воведат ризични мерки, но го поддржа отворањето на нивните економии. „Мораме да ја отвориме нашата земја“, рече Трамп.
Во понеделникот весникот The New York Times, повикувајќи се на документи наводно добиени од администрацијата во Вашингтон, објави дека американските власти не исклучуваат двојно зголемување на дневниот број смртни исходи од Covid-19 во текот на следните седмици на околи 3.000. Подоцна заменикот на портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, ги негираше податоците изнесени во написот, посочувајќи дека тие „не фигурираат во моделирањето и анализита на целната група“.
Трамп рече и дека извештајот за потеклото на коронавирусот ќе биде објавен за извесен периот. „Ќе известуваме многу јасно во текот на одреден периодт“, рече и додаде дека не разговарал за тоа со кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Трамп на новинарите им потврди дека во Аризона ќе носи заштитна маска, откако потпретседателот Мајк Пенс беше остро критикуван бидејќи не носеше медицинска маска при посета на болница.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во државата Мериленд, во САД се регистрирани повеќе од 1,18 милиони заразени со коронавирусот, а починале речиси 69 илјади луѓе.