
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди во средата дека не ги исклучува ниедна опција во врска со Венецуела, истакнувајќи дека претседателот Николас Мадуро со непропуштање на меѓународната хуманитарна помош во земјата прави „страшна грешка“.
„Постојат разни решенија, рани опции. Сите ги разгледуваме“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во текот на средбата со колумбискиот колега по должност Иван Дуке.
Двајцата политичари, придружувани од сопругите Меланија Трамп и Марија Руиз, инсистираа на приближување на ставовите во врска со венецуелската криза.
На прашањето дали има „план Б“ доколку Мадуро по секоја цена одлучи да остане на власт, Трамп одговори дека „секогап има план Б, и В, и Г, и Ф и Ѓ“, без да даде доплнителни појаснувања.
Политичкото и дипломатско одмерување на силите меѓу Вашингтон и Каракас сега е концентрирано на итната хуманитарна помош во храна и лекови за Венецуела, кои ја испратија САД и која се трупа во складови во соседба Колумбија.
Мадуро, кој негира глад во земјата и откако објави дека во една ткн хуманитарна пратка е откриено големо количество американско оружје и муниција одби да ги пропушти камионите со помош. Оваа амриканска помош ја нарече „политичка фарса“ пред американската воена интервенција.
Опозицискиот челник Хуан Гуаидо, кој како претседател на Националното собрание на 23-ти јануари се самопрогласи за привремен шеф на државата кого го признаа педесетина земји предводени од САД, најавува многу опции за помошта да влезе во Веенцуела.
„Многу ја почитувам личнсота којашто за многу луѓе е вистинскиот претседател на Венецуела, Тој е многу храбар“, истакна Трамп.
Дуке инсистираше дека треба и натаму да се врши притисок врз Мадуро и неговата влада.
„Претседателот Гуаидо има силна поддршка и мораме и натаму да му ја даваме за да може да ја спроведе транзицијата во Венецуела. Мислам дека на диктатурата ѝ дојде крајот“, зклучи Дуке кого Мадуро пред две седмици го обвини дека заедно со колумбиската мафија добил наредба од Трамп до организира и спроведе негова ликвидација.