Американскиот претседател Доналд Трамп порача во неделата дека неговата администрација ќе го вброи екстремно левичарското движење „Антифа“ (антифашисти) на американската листа терористички организации, а поради насилствата на протестите изминатата седмица, групацијата ќе биде истражувана од антитерористичкиот оддел на Федералното биро за истраги (FBI), додаде државниот обвинител Вилијам Бар.
„САД (движењето) Анфа ќе го вбројат во групата терористичка организација“, напиша претседателот Доналд Трамп на Twitter, откако и претходно деновиве го и обвинуваше движењето и другите екстремисти за безредијата со настрадани и најмалку една жртва и огромни материјални штети ширум САД на протестите поради полициското убиство на 46-годишниот афроамериканец Џорџ Флојд во понеделникот во Минеаполис.
Трамп во низа твитови им честиташе на припадниците на силите за одржување на редот поради тоа што во саботата ноќта успеаја да воспостават контрола во Минеаполис.
„Анархистите под водство на Антифа брзо се совладани. Градоначалникот тоа требаше да го стори уште првата вечер, па немаше да има никави проблеми“, напиша Трамп.
Алудираше на Џејкоб Фреј, демократски на градоначалникот на овој голем северен град, од каде протестите се проширија на целата земја. Познато е дека овие неолиберлани групации се често поддржувани од претставници на Демократската партија.
Антифа се претставува како движење на автономни ултралевичарски групи, коишто честопати се обвинети за напади врз полицијата, оштетувања на јавен и приватен имот и предизвикување безредија со вандализам.
„Со цел да се идентификуваат криминалните организатори и поттикнувачи, како и да се координираат федералните ресурси со напите партнери на ниво на сојузните држави и на локално ниво, сојузните агенции за спроведување на законот ја користат мрежата од 56 регионални работни групи за тероризам“, изјави во неделата американскиот министер за правда и државен обвинител Вилијам Бар.
„Насилството поттикнато и спроведено од Антифа и другите слични групации во врска со безредијата, претставува внатрешен тероризам, и така ќе му пристапиме“, додаде Бар.
Бар претходно во саботата рече дека „радикали и агитатори однадвор“ ги преземале протестите во американските градови поради смртта на невооружениот црн маж кого полицијата го уапсила во Минеаполис во понеделникот.
„Групи надворешни радикали и агитатори ја користат ситуацијата за да спроведуваат сопствена насилна агенда. Сојузно злосторство е да се прејдат државните граници или да се користат меѓудржавни структури поради иницирање или учество во насилни протести, а ние ќе ги спроведуваме законите“, рече обвинителот Бар во видео-изјава.
Истовремено вршителот на должноста министер за внатрешна безбедност, Кен Кучинели, на прес-конференција по убиството на припадник на федералните безбедносни служби во Окленд, во Калифорнија, порача дека американските власти ќе ги сметаат нападите врз службениците на безбедносните служби и агенции за „внатрешен тероризам“.
„Кога некој на мета ќе земе полициски службеник или полициска станица, со намера да предизвика штета или да заплашува, тоа е чин на внатрешен тероризем“, изјави Кучинели.