Трамп предупредува – Бајден би можел да не’ вовлече во трета светска војна

Соединетите американски држави нема да преживеат ако Џозеф Бајден повторно стане претседател на земјата, а во ноември годинава, можно е тој да ја вовлече државата во трета светска војна, изјавил кандидатот за претседателската номинација на Републиканската партија на САД, Доналд Трамп, објавуваат американските медиуми, пренесува НетПрес

Нашата земја е во хаос. Нашите граници се отворени и несигурни. Девет месеци е долг период. Постојат добри шанси во тој период да дојде до трета светска војна бидејќи имаме некој кој не си ја работи својата работакако што треба, рекол Трамп во интервју за „Фокс Њус“.

Дополнил дека Бајден е „неспособен и најлош претседател во историјата на САД“.

„Тоа сите го знаат“, истакнал Трамп.

Коментирајќи го тоа што Бајден неодамна добил поддршка од синдикатите на рабтниците во автоиндустријата, Трамп порачал дека повеќе нема да има работници во автоиндустријата во САД, бидејќи „сето тоа ќе замине во Кина и во други земји“. Истакнал дека ако повторно стане претседател на САД, ќе воведе царини на стоки кои се увезуваат од Кина и дополнил дека висината на тие давачки би можела да изнесува и над 60 отсто.

„Мораме тоа да го направиме“, изјавил Трамп.

Поранешниот американски претседател предупредил и на развојот на вештачката интелегенција, велејќи дека тоа е нешто „застрашувачко“.

„Пред некој ден видов како направиле лажна снимка на која зборувам за некој развод. Неможете да приметите никаква разлика. Мора нешто да се стори во врска со тоа, и тоа брзо“, порачал Трамп.

Тој предупредил дека технологијата на вештачката интелегенција би можела да биде злоупотребена на различни начини, вклучувајќи војни, и додал дека напредокот во развојот на таа технологија е „огромен проблем“.