Турција одобри испорака на борбени беспилотни летала на Египет, а се очекува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган набрзо да го посети Каиро.
– Процесот на нормализација (на односите) е завршен во голема мера. Односите (помеѓу двете земји) се важни за безбедноста и трговијата во регионот, се договоривме да им обезбедиме беспилотни летала. Мора да имаме сериозни односи со Египет поради безбедноста во Медитеранот, изјави шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.
Турските медиуми објавија дека Ердоган ќе го посети Каиро на 14 февруари и ќе се сретне со неговиот египетски колега Абдел Фатах ел Сиси, кого претходно го опиша како „пучист“.
Последната посета на Ердоган на Каиро беше во ноември 2012 година, кога тој беше премиер.
По државниот удар во Египет во 2013 година Анкара и Каиро ги отповикаа амбасадорите.
Двете земји ги отповикаа меѓусебните амбасадори по државниот удар на Ел-Сиси во 2013 година.
Зближувањето помеѓу Ердоган и Ел Сиси се случи во ноември 2022 година во Катар, на маргините на Светското првенство во фудбал, а во јули 2023 година Анкара го врати амбасадорот во Каиро.