Трамп: Преговорите со Пјонгјанг ќе продолжат и покрај ракетните проби

Разговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг ќе продолжат и покрај неодамнешното тестирање балистички ракети во Северна Кореја, изјави вечерва американскиот претседател Доналд Трамп.

– Тие сакаат да разговараат и ние ќе разговараме со нив наскоро, рече Трамп во Белата куќа.

Преговорите треба да продолжат наскоро во Шведска.

Северна Кореја денеска соопшти дека пробата на новата балистичка ракета која беше лансирана од подморница е успешна.