Трамп приреди забава за децата за Велигден

Американскиот претседател Доналд Трамп им приреди вистинска забава  на децата собрани на тревникот пред Белата куќа.

– Подготвени деца? – прашал претседателот пред тој и Првата дама на САД Меланија Трамп, да дувнат во свирчињата, за да им дадат знак на децата да почнат со дрвените лажици да ги тркалаат велигденските јајца преку тревникот.

Претседателот истовремено ја пофалил и економијата и неодамнешното зголемување на финансиите за војската на САД.

– Ова е посебна година. На нашата земја и оди одлично. Погледнете ја економијата, погледнете што се случува. Ништо никогаш не е лесно, но никогаш не сме имале економија каква што имаме сега. И ќе ја направиме поголема, подобра и посилна – рекол Трамп.

Трамп, исто така, и се заблагодарил на својата сопруга бидејќи, како што рекол, направила неверојатна работа за одржувањето на манифестацијата со велигденските јајца.