Трамп призна дека му е завршен мандатот, вети уредна транцизија но и почеток на борбата

Американскиот претседател Доналд Трамп, во четвртокот ден по безредијата во Конгресот, првпат призна дека неговиот мандат е завршен и вети уредна транзиција на власта, но и почеток на политичката борба под неговото мото.

Претходно американскиот Конгрес на заедничката седница на двата дома на парламентот која продолжи по упадот на поддржувачите на Трамп кои инсистираат дека изборите од 3-ти ноември се украдени на штета на републиканскиот претседател во кој според медиумите има четири жртви, со мнозинство ги отфрли сите приговори и го потврди Џо Бајден за нов американски претседател.

„Иако целосно не се согласувам со резултатите од изборите и покрај тоа што фактите потврдуваат дека сум во право, сепак, ќе има уредна транзиција на власта на 20-ти јануари“, објави Трамп во соопштение за јавноста.

„Отсекогаш сум велел дека ќе ја продолжиме нашата борба за да се осигуриме дека се бројота само легитимните гласови. И иако ова е крај на мојот мандат, најдобриот прв мандат во американската историја, тое е само почетокот на борбата да ја направиме Америка повторно голема“, порача Трамп.