![donald tramp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/donald-tramp.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека е подготвен да воведе царини на дополнителни кинески производи во износ од 267 милијарди долари, додек се очекува неговата одлука за воведување намери на производите од Кина во вредност од 200 милијарди долари.
„Царините на 200 милијарди долари вредни производи би можело многу наскоро да бидат воведен зависно од тоа што ќе се случи со нив, До одредена мера тоа зависи од Кина. Другите 267 милијади долари царини се спремни за итно спроведување, доколку сакам. Тоа ја менува равенката“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите.
Претходно во петокот економскиот советнил во Белата куќа, Лери Кудлоув, изјави дека Трамп нема да донесе одлука за воведување царини на кинеските производи во износ од 200 милијарди долари пред официјалната процена на мнението на јавноста за овие наметуи. Бирото на трговскиот претставник на САД во периодот отворен за коментари кој заврши во четвртокот ноќта по локално време примил речиси 6.000 коментари од јавноста за предлогото за воведување на царините за кинеските стоки. САД досега ги воведуваа царините во рок од неколку седмици од завршувањето на јавните расправи.
Кина, пак, порача дека, како и досега, на царините ќе одговори со царини. Трговската војна меѓу САД и Кина зајакна во август кога Вашингтон, во вториот крув, воведе 25-процентни царини на увоз на кинески стоки во износ од 16 милијарди долари. Царини беа наметнати и во јули за кинеските стоки вредн 34 милијарди доалри. Кона и во двата случаи воведе царини во еквивалентни вредности за американските стоки.