Трамп се заканува со укинување финансии за земјите кои ќе гласаат за резолуцијата на ОН

амбасадорката на сад во он, ники хејли

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани во средата со укинување на финансиската помош за земјите кои ќе гласаат за резолуцијата на Обединетите нации со коишто се осудува американското признавање на Ерусалим како главен град Израел.

„Ги имаме предвид тие гласови“, изјави американскиот претседател Донал Трамп предупредувајќи „на сите земји кои ги зимаат нашите пари и потоа гласаат против нас во Советот за безбеднсот“.

Новото гласање е предвидено за четврток во 15 часот по ГМТ на Генералното собрание на ОН коешто има 193 земји членки. Таквите резолуции не се обврзувачки и не постои право на вето. Резолуциите се изгласуваат со двотретинско мнозинство.

„Доколку има 130 гласови ‘за’, тоа ќе биде лош резултат“, рекол за AFP еден неименуван амбасадор во светската организација.

„Претседателот Трамп внимателно ќе го следи тоа гласање и бараше да го предупредам на земјите коишто ќе гласаат против нас… И ќе го земеме предвид секој глас за таа резолуција“, напиша американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли.

Трамп на 6-ти декември ја прекина децениската политика на американските претседатели и одлучи да го ефектуира законот донесен од Конгресот во 1995 година и го призна Ерусалим за главен град на Државата Израел, по што следува и одлуката за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, за што според процените ќе биде потребно најмалку две години.

САД во понеделникот по шест години ставија вето на резолуција којашто се однесува на Израел, оваа поднесена од Египет пред Советот за безбедност при ОН за Ерусалим. Против нацрт-резолуцијата гласаа само САД, а 14-те други земји членки, гласаа за неа.

Откако САД го ставија ветото на резолуцијата, палестинскиот министер за надворешни работи најави дека Палестинците ќе бараат вонредна седница на Генералното собрание на ОН, а ја имаат поддршката на големиот број арапски и муслимански земји.