Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот во изјава ја намали важноста на иранското уривање на американското беспилотно летало, оценувајќи дека тоа го сторил некој „непретпазлив и глупав“, но посочи дека „би било голема разлика“ доколку со леталото управувал пилот.
Иако ваквиот коментар сугерира дека американскиот претседател не сака да ја ескалира конфронтацијата со Иран, Доналд Трамп, исто така, предупреди дека неовата земја „тоа нема да го трпи“.
„Тешко е да се поверува дека тоа било намерно, ако сакате да ја знаете вистината. Мислам дека можеби станува збор за некој кој бил нетпретпазлив и глупав тој ден“, рече Трамп.
Техеран тврди дека беспилотното летало за надзор на теренот од типот „Global Hawk“ бил во шпионска мисија над иранската територија, додека Вашингтон е упорен дека дронот е урнат во меѓународен воздушен простор, 34 километри оддалечен од најблиската иранска точка. Медиумите не можат да потврдат од независни извори на кое место е соборено леталото.
„Мислам дека Иран веројатно направил грешка. Мислам дека генерал или некој друг згрешил. Немавме никој во дронот. Ќе беше голема ралика со леталото да управуваше пилот“, изјави Трамп за новинарите во Белата куча во текот на средбата со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Вашингтон, кој инциденеот го карактеризираше како „со ништо не предивикан напад во меѓународен воздушен простор“, спроведуваат кампања на изолирање на Иран, настојуваќи да ги ограничат неговите нуклеарнии балистички програми, како и иранската улога во регионот, во прв ред влијанието во војните во соседните земји на Блискиот исток, во кои САД и неговите регионални сојузници поддржуваат други сили.
Инцидентот е последниот во низата од средината на мај во Персискиот залив, кој е важен пат за светската трговија со нафта. Во овие инциденти се вбројуваат и инцидентите со шест танкери кои доведоа до ексалација на спротиставеноста меѓу Иран и САД.
Администрацијата на претседателот Трамп ги повикала челниците на контресот на разговори во Белата куќа подоцна во четвртокот во врска со ситуацијата околу Иран, рекол за Reuters извор запознает со состанокот.