Трамп смета дека победата на Бајден ќе доведе до „уништување на Америка и незамисливи ужаси“

Евентуалната победа на ноемвриските претседателски избори на поранешниот потпретседател Џо Бајден кој обезбеди доволна поддршка за номинација од неговата Демократска партија, ќе доведе до уништувањето на Америка и незамисливи ужаси, истакна во неделата актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

„Радикалните левичарски демократи кои целосно го контролираат Бајден ќе ја уништат нашата земја, онаква каква што ја знаеме. Незамисливи ужаси ќе се случуваат во Америка. Погледенето кон Портланд, каде политичарите воопшто не се против фактот дека веќе 50 дена имаат анархија (во градот). Ние испративме помош. Гледајте во Њујорк, Чикаго, Филаделфија. Не!“, напиша Трамп на Twitter.

Претходно во саботата демократската гувернерка на сојузната држава Орегон, Кejт Браун, побара од Трамп да ги повлече единиците на федералните власти од Портланд и да престанат со приведување на учесниците на протестите во врска со полицискотот убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд на 25-ти мај во Минеаполис, во државта Минесота. Според неа, акциите на вооружените федерални принадници на агенциите и службите за спроведувње на законот во Портланд претставува „инвазија и флангрантна злоупотреба на овластувањата од страна на сојузната влада“. Иста позиција зазема и градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, исто така од Демократската партија. Обвинителот на Орегон, Били Вилијамс, се закани со истрага за тврдењата за наводните случаи на појавата на припадниците на федералните служби во градот со маски, маскирани и без ознаки.

Претходно во неделата на телевизиската мрежа Fox News беше емитувано интервју со Трамп снимено во петокот, во кое републиканскиот претседател во врска со претседателската трка инсистира дека „не губи“ пред Бајден, нарекувајќи ги „лажни“ анкетите во кои заостанува зад противкандидатот, и потсетувајќи дека и на минатите избори анкетите покажуваа дека убедливо ќе биде поразен од демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Според последната анкета која ја пренесе агенцијата Reuters, за Бајден би гласале 49, а за Трамп 41 отсто од избирачите.

„Прво и пред сѐ, јас не губам, бидејќи тоа се анкети без никаква врска“, рече Трамп во разговорот за емисијата „Fox News Sunday“.

Запрашан за тоа дали ќе ги прифати резултатите од изборите доколку победи Бајден, како што се шират предвидувањата во последниот период во врска со отфрлањето на Републиканската партија да се гласа преку пошта што го заговараат демократите, Трамп одговори „Би морал да видам, нема да кажам само да“. Повтори дека „гласањето по пошта ќе биде манипулирање со изборите“.

Во врска со тоа во јуни во телевизиското шоу „Comedy Central“, Бајден рече меѓу другото дека коментарите на поранешни воени команданти, главно од перидот на демократската администрација во Вашингтон, коишто го критикуваа одговорот на Трамп на насилните протести против полициската бруталност, го увериле дека американската војска ќе интервенира доколку Трамп не ги признава изборните резултати.

Бајден во јуни обвини дека републиканскиот претседател ќе се „обиде да ги украде“ изборите но не прецизираше како Трамп би можел со измама да победи на изборите. Но потсети дека Трамп жестоко се противи на дописното гласање, и Бајден најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачкикте места за да ги спречат републиканците да манипулираат со гласачките ливчиња. Трамп во неколку наврати го критикуваше гласањето по пошта, тврдејќи дека при овој начин е можна манипулацијата, предупредувајќи дека поголемиот удел од дописните гласачки ливчиња би довел до масовна кражба на гласовите на изборите на 3-ти ноември.

Трамп рече и дека Бајден е „неспособен да изговори две реченици во низа“, запрашан дали смета дека неговиот демократски противкандидат е сенилен. Истакна дека Бајден „воопшто не излегува од своите подземни одаи“.

Бајден речиси целото време го минува во својата приватна резиденција во американската сојузна држава Делавер од каде вложува во медиумската кампања најавувајќи дека нема да организира предизборни собири со приврзаниците.

Трамп и неговиот изборен штаб редовно прават шеги на сметка на Бајден, бидејќи овој не излегува од својата куќа во Вилмингтон по наглото прекинување на кампањата во средината на март поради коронавирусот. Кампањата на Трамп, исто така, ги доведува во прашање и менталните способности на противникот, познат по честите гафови во јавните настапи, и тврди дека Бајден се крие во подрумот од неговата куќа за да не го види никој.