Трамп со голема предност за републиканската претседателска номинација

Поранешниот претседател Доналд Трамп има голема предност над ривалите за републиканската претседателска номинција само пет дена пред почетокот на внатрепартиските избори по сојузните држави, покажува анкетата на агенцијата Reuters и институтот Ipsos објавена во средата.

Трамп го поддржуваат 49 од републиканците, покажуваат резултатите од анкетата. Поранешната гувернерка на државата Јужна Каролина, Ники Хејли, добила поддршка од 12 отсто од републиканците, а гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис со 11 отсто.

Претприемачот Вивек Рамасвами добил поддршка од 4 отсто од републиканците, додека ниту еден друг кандидат не добил повеќе од 2 отсто, покажа анкетата. Околу 18 отсто од испитаниците рекле дека не знаат кого би поддржале.

Во анектата спроведена преку интернет ширум Соединетите држави учествувале 1.941 возрасен испитаник кој се изјаснувал како гласач на Републиканската партија, како случаен примерок во период од 3-ти до 9-ти со маргина на грешка од плус или минус 3 процентни поени. Тоа, како што толкува Reuters и покрај тоа што таа забелешка нема основа, тоа наводно значело дека не може нужно да се предвиди кои ќе победи на изборите во понеделникот во Ајова,м на првиот од државните избори за партиската номинација кои ќе одредат кој републиканец ќе му се спротистави на актуелниот демократски претседател Џо Бајден на изборите на 5-ти ноември.

Според овие податоци, процентите на поддршката за кандидатите се малку променети од летото, иако на Трамп му се наталожија бројни судски проблеми, а неговите ривали со месеци спроведуваа активна изборна кампања.

Повеќето истражувања на Reuters и Ispos спроведен од август досега покажуваа дека Трамп ужива поддршка од околу половината од републиканското избирачко тело.

Хејли бележи зголемување на донациите од републиканците кои не сакаат да го номинираат Трамп по третпат, но таа останува ефективно врзана со ДеСантис, кој има организациски проблеми. Хејли поминала малку подобро меѓу републиканците со повисоко образование. Поддршката на Трамп меѓу републиканците со високо образование паднала на 34 отсто, додека 21 отсто рекле дека ја поддржуваат Хејли. Но, нејзината поддршка меѓу оние без факултетска диплома, многу поголем дел од републиканскиот електорат застапен во анкета, бил само 8 отсто, покажува анкетата.