Трамп вети помали даноци за средниот слој, ако победат републиканците

Американскиот претседател Доналд Трамп вети помали даноци за американскиот среден слој, доколку идната година повторно биде избран и доколку Републиканската партија освои мнозинство во двата дома на Конгресот.

„Значително ќе го намалиме данокот на просечните приходи, доколку го преземеме Претставничкиот дом“, рече Трамп пред новинарите,

Демократите во моментов имаа мнозинство во Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, а републиканците во Сенатот.

„Ќе разговараме за тоа малку подоцна. Ќе пристапиме кон значително намалување на даноците на просечните приходи (…) на кои навистина им се помогна со минатото намалување на даноците. Тоа ќе биде едно од прашањата за преземање на контролата во Претставничкиот дом, бидејќи демократите сакаат зголемување, а не намалување на даноците“, рече Трамп.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон крајот на 2017 година донесе голема реформа на даночнито закон кој требаше да биде во полза на средната класа и намалување на даноците во износ од 1.500 милијарди долари во следните 10 години. Оваа реформа донесе и намалување на даноците за компаниите на кои даночната стапка им е намалена од 35 на 21 отсто.