Американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година бил подготвен да ја повлече од НАТО, тврди отпуштениот негов советник Џон Болтон во новата книга во којашто, меѓу другото, ја раскажува својата верзија за текот на самитот на Алијансата кој бил оптоварен со тензиии поради придонесот за одбранта на европските членки.
Трамп особено бил лут затоа што Германија не издвојувала доволно за одбраната, како што беше договорено во НАТО. Германија како една од најголемите според обемот светски економии, не ја постигна целата која ја поставија членките на Алијансата на самитот во 2014 година, за потрошувачка од најмалку 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната до 2024 година.
Болтон пишува дека на денот на самитот на Северноатлантската алијанса наводно добил повик од претедателот Трамп, кој го прашал својот сега поранешен советник, дали е подготвен за „голема игра“. Изградбата на гласоводот Северен тек 2 преку кој во Германија би се испорачувал руски гас дополнително го разлутило американскиот претседател, и го поставувал прашањето зошто Ваштингтон таму држи војници поради одраќање на Русија, додека Европа ги продлабочува своите врски со Москва.
„Јас многу го почитувам НАТО, но кон нас е однесуваат неправедно. До први јануари сите земји треба да платата 2 отсто од БДП-то, па ќе им ги простиме долговоите или ќе си заминеме и нема да ги браниме оние кои тоа не го исполнуваат. Сѐ додека не се согласуваме со Русија, нема да одиме во НАТО, каде што државите членки на НАТО ѝ плаќаат милијарди на Русија. Ќе истапиме, доколку тие се согласат на тој гасовод. Нема да бориме со некој кого тие го плаќаат“, се потсетува Болтон на зборовите на американскиот претседател.
Болтон тогаш одлучил за заканата на Трамп да разговара со државниот секретар Мајк Помпео. Заедно одлучиле да го убедат да остане во Алијансата со можно намалување на продонесите во буџетот на НАТО на ниво на придонесите на Германија, односно од 22 на 15 отсто.
Пред почетокот на самотот, Болтон уште еднаш се обидел да не го напушта сојузот, но Трамп бол решителен.
Сепак, Трам во својот говор, како што го советувал Нолтон, ја најавол својата поддршка на НАТО, но ги критикувал земјите членки кои и натаму имаат мали одбранбени буџети.
„Се жалеше дека земјите членки на НАТО сакаат санкции против Русија, но Германија ѝ плаќа на Русија милијарди долари за Северент тек хранејќи го ѕврерот. Русија сите нѐ прави будали, сметаше тој, додека ние им плаќаме милијарди поради новиот гасовод, кој ние не требаше да го дозволиме“, пишува Болтон.
По средбата Трамп во неформална атмосфера го критикувал рускиот проект, навреден од тоа што Германија „капитулирала“ пред Русија.
„Како можеме да се заштитиме од Русија, се интересираше Трамп, доколку сојузниците не сакаат да платат за тоа?“, се наведува во контроверзната книга на Болтон.
Трамп својата лутина ја ставил во центарот на дипломатските односи со Европа, иако фактички не се повлече од Алијансата. Самитот завршил така што Трамп изјавил дека го почитува НАТО, а сојузниците се ставени под притисок да ја зголемат потрошувачката за одбраната.
Трамп неодомнаа објави дека го намалува бројот на американските војници во Германија за 9.500. Покрај воведените санкции за компаниите кои се вклучени во гасоводот Северен тек 2, Вашингтон има подготвени потенцијални нови санкции.