Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ќе зборува за статусот на Ерусалим, објави во вторникот портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, откако Трамп ги извести челниците на Блискиот исток за намерата да ја пресели амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим и со тоа всушност Светиот град да го признае за престолнина на Израел, што се очекува да ги разгневи американските сојузници во регионот.
„Знам дека имаше многу прашања поврзани со планот на претседателот во врска со Ерусалим. Утре претседателот ќе даде изјава“, рече за новинарите портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во вторникот ги извести арапските лидери за својата намера да ја пресели амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Сите тие предупредија дека едностраните американски потези околу Ерусалим може негативно да влијаат врз арапско-израелските мировни преговори и да доведат до немири во регионот.
Американскиот конзулат во Ерусалим му наложил на својот персонал во вторникот да не се движи во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан), ниту во Стариот грд во Ерусалим, оп медиумските извештаи за намерите на Трамп.
Прашањето на статусот на Ерусалим за Трамп е чувствително прашање, меѓу другото и поради тоа што уште во предизборната кампања вети дека во овој град ќе ја пресели американската амбасада од Тел Авив.
Високи американски функционери изјавија дека претседателот на САД веројатно во средата ќе го признаат Ерусалим за израелска престолнина, но дека преселувањето на амбасадата од Тел Авив веројатно ќе се одложи за шест месеци. Се очекува, меѓутоа, дека Трамп на своите соработници ќе им наложи веднаш да го планираат преселувањето.
Израелскиот градоначалник на Ерусалим, Нир Баркат, тврдеше во вторникот дека за преселувањето на амбасадата се потребни вкупно „две минути“. Баркат рече дека САД во амбасадата треба да претворат само една од нивните сегашни згради во Ерусалим, како на пример конзулатот во западен Ерусалим.
„Треба ознаката на конзулатот да ја претворат во ознака за амбасада, два американски маринци тоа може да го сторат за неколку минути, и на амбасадорот Давид Фридман да му дадат простор каде да седи. Спроведувањето на оваа одлука е моментална и подоцна полека почнува поструктурното селење на вработените за да почнат да пружаат услуги во Ерусалим“, изјави Баркат за радиото Израел.
Источен Ерусалим беше под јуриздикција на Јордан по израелско-арапската војна од 1948 година, која избувна по прогласувањето на Државата Израел. Таа потоа во ткн Шестдневна војна до 1967 година го окупираше и овој дел од Ерусалим, како што и денес го води меѓународната заедница.
Во 1980 година Израел го прогласи Ерусалим за своја една и неделива престолнина, и во западен Ерусалим ги пренесе седиштето на претседателот, на премиерот, Кнесетот (парламентот) и речиси сите министерства.
Резолуцијата 478 на Советот за безбедност при Обединетите нации одредува дека оваа израелска одлука од 1980 година е ништовна, и ги повикува сите држави своите амбасади да ги задржат во Тел Авив.
Американскиот Конгрес во 1995 година изгласа закон со кој Ерусалим го нарекува главен град на Израел и одредува дека тој не смее да биде поделен. Меѓутоа, досега и републиканските и демократските претседатели откако доаѓаа на власт ги користеа своите овластувања за да ја задржат американската амбасада во Тел Авив и ги поткрепуваа преговорите за Ерусалим меѓу Израел и Палестинците.
Од преземањето на претседателската должност во јануари, Доналд Трамп покажуваше знаци на одложување на ветувањето од својата претседателска кампања кога критикувајќи ја политиката на администрацијата на својот претходник Барак Обама кон стратешкиот сојузник Израел, меѓу другото рече дека ќе ја дислоцира амбасадата на САД во оваа земја од Тел Авив во Ерусалим, спротивно на желбите на Палестинците и поголемиот дел од меѓународната јавност, истовремено ветувајќи дека ќе стори сé што е потребно да се постигне блискоисточниот мировен договор.
Статусот на Ерусалим е една до главните спорни точки во со децении долгите израелско-палестински мировни преговори. Палестинците го сакаат источен Ерусалим за престолнина на својата идна држава, а Израел го смета са своја неделива и вечна престолнина. Американското прифаќање на Ерусалим за израелска престолнина би ја прекинала со децении долгата политика на САД дека за статусот на градот треба да се одлучи во преговорите со Палестинците.