Американскиот претседател Доналд Трамп имаше убедлива победа во Њу Хемпшир, додека неговиот противник, поранешниот гувернер на Масачусетс, Бил Велд доби повеќе од 12.000 гласови.
Освојувајќи големо мнозинство, Трамп собра повеќе гласови во примарната држава Њу Хемпшир од кој било претседател во историјата.
Бројот на гласовите на Трамп се приближи до историскиот максимум за актуелен претседател од 86,43 отсто што го постави Роналд Реган во 1984 година. Велд доби околу девет отсто од гласовите на републиканците од Њу Хемпшир.
Како што пренесуваат американските медиуми, овој резултат е одраз на силната поддршка на републиканците за Трамп и речиси 18-месечната напорна кампања да ја намали секоја значајна закана за неговата кандидатура.
Трамп на Твитер напиша дека медиумите кои пренесуваат лажни вести ги очекува „голема демократска приказна“.
– Зарем не е голема приказна што освоив повеќе примарни гласови во Њу Хемпшир од кој било претседател од двете партии во историјата на таа голема држава? Не е безначаен факт, напиша Трамп.