Трамп жестоко се нафрли врз неговите обвинители

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот жестоко ги нападна своите обвинители од Демократската партија на кои им префрли дека лажно и неточно ги претставувале фактите кои се во центарот на историското судење за негово отповикување од должноста.

Ден претходно главниот обвинител, демократот Адам Шиф, во Сенатот го обвини републиканскиот претседател дека сакал „со измама“ да го освои вториот мандат, барајќи помош од Украина за да го „компромитира“ својот ривал.

Пред да продолжи во четвртокот попладнето по локално време да продолжи да ги изнесува доказите на обвинението, демократскиот пратеник на Twitter беше цел на серија жестоки објави од претседателот Трамп.

Воведниот збор на „демократот и подлец Шиф“ беше „полн со лаги и искривувања на вистината“, напиша во четвртокот по американско време Трамп, веднаш по доаѓањето од Швајцарија каде што учествувапе на Светскиот економски форум во Давос.

Повторно истакнувајќи дека е жртва на „лов на вештерки“, нескриено лутиот Трамп оценува дека публиката била „најпристрасната и најкорумпираната во историјата на Конгресот“.

До друга страна, водачот на демократското малнциство во Сенатот, Чак Шумер, го пофали „кусиот и јасен“ воведен збор полн со „мачни детали“, што сведочи за крајна поларизација во врска со оваа тема.

„Навистина би можела да поттикне сомневање кај републиканските сенатори дека претседателот можеби сторил нешто лошо“, изјавил Шумер за новинарите надевајќи се во она што изгледа невозможно, бидејќи ниеден републиканец во Сенатот досега не изјави во јавноста дека се сомнева во објаснувањата и ипсравноста на Трамп.