„Трансферот на полски тенкови на исток е ескалација на тензиите“, оцени Песков

Плановите на Полска да стационира нов тенковски баталјон на исток претставуваат уште еден чекор кон зголемување на тензиите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако, ова е уште еден чекор кон ескалација на тензиите, нашите белоруски пријатели знаат што да прават, тие прават се’ што е потребно во оваа ситуација за да се обезбеди безбедност“, рече Песков, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак дека нови војници ќе бидат испратени на исток од тенковскиот баталјон, пишува весникот „Известија“.

Блашчак претходно денеска изјави дека веќе е формиран тенковски баталјон во источна Полска, кој ќе треба да се спротивстави, како што наведе, со заканите кои доаѓаат од Русија и Белорусија.