Артуро Видал потпиша тригодишен договор со „Барселона“, а ослободувачката клаузула која е запишана во договорот на чилеанскиот фудбалер изнесува 300 милиони евра.
Трансферната сума на договорот со „Баерн“ Минхен нема да биде објавена официјално по желба на германскиот клуб, објави потпретседателот на Барселона, Жорди Местре при официјалното претставување на Чилеанецот.
Видал има настапувано за чилеански „Коло-Коло“, за „Баерн Леверкузен“, „Јувентус“ и „Баерн“.
Возбуден сум дека ќе играм со играчи како Лионел Меси, Луис Суарес и Серхио Бускетс. „Барселона“ е поголем клуб од „Баерн“. Кога има 15 години и ветив на мајка ми дека станам еден од најдобрите во светот. Играв за многу тимови, но сега доаѓам во најсилниот тим во светот. Сакам да ја освојам три пати Лигата на шампионите во следните три години. Спремен сум да се дадам целиот за да дојде до тоа. Луѓето знаат што донесувам на теренот-многу борба и тимска игра и во нападот и одбраната, изјави Видал.