Покрај Гранит и Бетон, во изградбата на втората делница Кичево-Охрид, во изградбата на автопатот, се вклучува и градежната компанија ТРАНСМЕТ.
Со кинеската компанија „Синохидро“ склучиле договор во вкупна вредност од 78,6 милиони евра.
„Ќе учевствуваме на втората делница од автопатот Кичево-Охрид. Трасата предвидува покрај изградба на автопат и 10 мостови и вијадукти. ТРАНСМЕТ активно се вклучува во изградбата на големите инфраструктурни проекти во државата, покрај двете најголеми компании. Тоа е голема можност за нас како компанија да вклучиме и ваков голем проект. Ќе имаме можност со ваков проект да сме конкурентни и во другите држави во регионот.Паралелно се изведуваат работите. Се очекува во предвидениот рок за изградба, за 33 месеци, да биде завршен,“ велат од градежната компанија.
За потребите за изградба на дел од автопатот Кичево-Охрид, компанијата ТРАНСМЕТ ДОО Скопје објави оглас за вработување на 235 лица.