Транспорт на брод го заглави сообраќајот на патот кон Стража од страната на Гостивар, пренесува порталот „кичево.мк“.
Застојот трае повеќе од 1 час, а проблемот се јавил при преминувањето на еден од мостовите кои се реновираат.
Поради застојот се формира километарска колона.
Дополнителен револт кај луѓето кои чекаат, а меѓу кои има многу мали дечиња е односот на полицијата која, неофицијално, го пропуштила да помине струшкиот градоначалник пред останатите возачи, пренесува „кичево.мк“.