Транссексуалците можат да се крстат и да бидат кумови, одговори Ватикан

Транссексуалците можат да бидат кумови за крштевање и на свадба и можат самите да се крстат, објави во средата Ватикан, одговарајќи на прашањата на бискуп.

На 5-ти јуни 2022 година, стапи во сила апостолскиот устав „Praedicate Evangelium“, според кој централните одделенија на Римската курија се нарекуваат Дикастерија, кои ги заменуваат конгрегациите и папските собори.

Дикастеријата за доктрина на верата не одговора јасно на прашањето дали истополовите двојки можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка.

Во јули, бискупот Хозе Негри од бразилски Санто Амаро испрати шест прашања до телото на Ватикан во врска со ЛГБТ лицата и нивното учество во светите тајни на крштевањето и бракот.

Трите страници прашања и одговори биле потпишани од шефот на Дикастеријата, аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандез, а одобрени од папата Франциск на 31-ви октомври. Тие беа објавени во средата на порталот на Дикастеријата на италијански јазик.

Одговарајќи на прашањето дали транссексуалците би можеле да се крстат, од дикастеријата одговориле дека можат под одредени услови и доколку „не постои ризик од јавен скандал или збунување на верниците“.

Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови на крштевка со дискреција на локалниот свештеник и кумови на бракот, но локалниот свештеник треба да биде „пасторски мудар“ кога ја донесува одлуката.

Личност во истополова врска може да биде кум на венчавката, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонскиот закон што не го забранува тоа.

Одговорот е помалку јасен кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштевките.

Бразилскиот бискуп прашал и дали истополова двојка која посвоиле дете или го добил со помош на сурогат мајка може да го крсти тоа дете. Од дикастеријата одговориле дека во тој случај мора да постои „основана надеж дека детето ќе се образува во католичката вера“.

Одговорот на прашањето дали личноста во истополова врска може да биде кум е подеднакво нејасен. Одговорено е дека оваа личност мора „да води живот во согласност со верата“.