Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас побара создавање на глобално НАТО што ќе овозможи следење на настаните во Индо-пацифичкиот регион.
-Важно е да се фокусираме на глобалното НАТО. Бидејќи додека ја заштитуваме евроатлантската безбедност, мора да обрнеме внимание и на безбедноста во Индо-пацифичкиот регион, истакна Трас пред денешната неформална средба на НАТО во Берлин.
Таа при тоа изрази силна поддршка за влез на Финска и Шведска во НАТО.