Холивудскиот ѕвезда Џон Траволта во текот на кариерата сними неколку одлични филмови и, како последица од тоа, стана многу богат човек.
Неговото богатство е проценето на 170 милиони долари, но тоа не го спречува да продолжи со работа.
Странските медиуми пишуваат дека на конвенцијата Супанова во Австралија актерот го наплатувал фотографирањето со обожавателите.
Фотографија со Траволта чини 500 долари, а за тие пари може да се добие и автограм.
Селфито е поевтино и цената е 250 долари.
Обожавателите поитаа да се фотографираат со Траволта, додека социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари.