![njurok niks](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/njurok-niks.jpg?resize=520%2C347&ssl=1)
Кошаркарите на Њујорк Никс првпат сезонава ноќта кон понеделникот стасаа до третата последователна победа, совладувајќи ги на гости со 103:98 Мемфис Гризлис.
Мемфис доминириапе во првото полувреме, но во третата четвртина неговите кошаркари ја загубија контролата над мечот. Њујорк во оваа делница имаше заостанување од 13 поени, а потоа во последната испушти водство од 9 кошеви, за потоа до победата стасаа благодарејќи на серијата од 11:5. Треј Барки погоди кош за изедначување за Њујорк на минута и 49 секунди пред крајот, а потоа уште и украде топки, по што Емануел Мадиај погоди „тројка“ за победа на Никс.
Енес Кантер ги предводеше Никс со 21 кош и 26 скокови. Тим Хардавеј џуниор додаде 22 коша, Мадиај 17, а Барки 15 поени. Кај Гризлис најдобри беа Мајк Конлеј со 23 кошеви и 11 асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен беа поразени со 104:108 од Орландо Меџикс. Никола Вучевиќ постигна 31 поен за победничкиот тим, со 15 скокови.
Лејкерс израмнија на 104:104 на две минути и 24 секунди пред крајот по двете слободни фрлања од Леброј Џејмс, но потоа Лејекрси не погодина четири последователни напади. Теренс Рос погоди полагање на 34 секунди до крајот за водство на Меџикс од 106:104, а Арон Гордон ја запечати победа со забивање десет секунди пред последниот свиреж. Гордон натпреварот го заврши со 17 уфрлања за Меџикс, а Џејмс додаде 14 за Лејкерс.
Детроит Пистонс дома со 118:107 ги победија Феникс Санс. Андре Драмонд беше најефикасен играч на Детроит со 19 кошеви, 16 скокови и 5 украдени топки. На Феникс не им помогна ниту Девин Букер со своите 37 кошеви.
РЕЗУЛТАТИ:
Лос Анџелес Лејкерс – Орландо Меџикс 104:108
Детроит Пистонс – Феникс Санс 118:107
Атланта Хоукс – Шарлот Хорнетс 124:123
Бруклин Нетс – Филаделфија 76ерс 125:127
Торонто Рапторс – Мајами Хит 125:115
Мемфис Гризлис – Њујорк Никс 98:103.
Сакраменто Кингс – Јута Џез 112-133
Портланд Траул Блејзерс – Лос Анџелес Клиперс 100-104
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
- Торонто 17 4 .810 –
- Филаделфија 14 8 .636 3 1/2
- Бостон 10 10 .500 6 1/2
- Бруклин 8 13 .381 9
- Њујорк 7 14 .333 10
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
- Милвоки 14 5 .737 –
- Детроит 10 7 .588 3
- Индијана 11 8 .579 3
- Чикаго 5 15 .250 9 1/2
- Кливленд 4 14 .222 9 1/2
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
- Орландо 10 10 .500 –
- Шарлот 9 10 .474 0 1/2
- Мајами 7 12 .368 2 1/2
- Вашингтон 7 12 .368 2 1/2
- Атланта 4 16 .200 6
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
- Денвер 13 7 .650 –
- Оклахома Сити 12 7 .632 0 1/2
- Портланд 12 8 .600 1
- Минесота 9 11 .450 4
- Јута 9 11 .450 4
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
- ЛА Клиперс 13 6 .684 –
- Голден Стејт 14 7 .667 –
- ЛА Лејкерс 11 8 .579 2
- Сакраменто 10 10 .500 3 1/2
- Феникс 4 15 .211 9
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
- Мемфис 12 7 .632 –
- Њу Орлеанс 10 10 .500 2 1/2
- Далас 9 9 .500 2 1/2
- Хјустон 9 9 .500 2 1/2
- Сан Антонио 9 10 .474 3