Трета седмица владее хаос поради емидемијата од хепатит Ц во Штип, а властите молчат и не реагираат

Веќе трета седмица меѓу граѓаните, пациентите и болничкиот персонал во Штип владее хаос, страв и очај, а по 21 ден Клиничката болница Штип сѐ уште не дала одговор од каде потекнува заразата на десет лица од хепатит Ц, обвини во понеделникот Љубе Здравков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Штип

Здравков пренесе дека граѓаните од источните региони на земјата, кои се гравитираат кон штипската болница, се прашуваат дали кога одат да се лечат во здравствена установа, ќе заминат со неизлечливи болести.Потсети дека епидемијата од хепатит Ц, која беше отркиена кај пациенти кои лежеле на Одделението за ортопедија во Штип, ја шокираше јавноста, но и оти три седмици, здравствените властни немаат решение за проблемот нема, а предупреди и дека секојдневно се зголемува бројката на заразени пациенти.

За случаи како овој, се затвораат болници и се поднесува одговорност, но кај нас уште чекаме одговор од надлежните кои без чувство на одговорност се обидуваат да најдат оправдување. Овој случај ја наруши довербата во здравството и ја отвори Пандорината кутија на прашања, од кои очекуваме одговори во најкраток можен рок, рече Здравков и праша кој ќе сноси одговорност за уништувањето на десетина човечки животи?

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ праша и кога директорот на Клиничката болница именуван од владата на СДСМ, ќе покаже морална одговорност и ќе поднесе неотповиклива оставка? Оцени, исто така, дека министерот за здравство Венмко Филипче и генералниот секретар на владејачката партија. Љупчо Николовски, ќе продолжат под тепих да ги кријат проблемите или конечно ќе се соочат со гневот на граѓаните.