До пред извесно време малку познатата и во САД фармацевстска компанија „Moderna Inc.“ објави во средата дека првите податоци од истражувањето кај луѓето покажуваат дека третата доза од сегашниот или експерименталниот нов кандидат за вакцина против Covid-19 го зајакнува имунолошкиот одговор на бразилскиот и на јужноафриканскиот сој на коронавирусот.
Довакцинирањето со третата доза, којашто им е давана на волонтери претходно вакцинирани со „Moderna“ во две дози, го засилил одговорот на антителата и на изворниот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, патогенот за респираторната болест Covid-19, објавија од „Moderna Inc.“
Прелиминарните податоци се резултат на тестирањето на 40 волонтери со сегашната вакцината на „Moderna“, како и на верзијата на вакцината која компанијата ја развива како одговор на новиот јужноафрикански сој, а препаратот го носи називот „mRNA-1273.351“. Во „Moderna Inc.“, исто така, го проучуваат вакцинирањето коешто ја комбинира сегашната и новата вакцина.
Американската биотехнолошка компанија „Moderna Inc.“ во април објави дека ефикасноста на нејзината вакцина против коронавирусот е на ниво од 90 отсто против сите форми на коронавирусната болест и 95 отсто е ефикасна против потешките форми на Covid-19, како и дека вакцината дава силна запштита против болеста шест месеци по втората доза од вакцината.
Овие резултати произлегуваат од третаа фаза на клиничкото испитување со коешто биле опфатени повеќе од 30.000 луѓе ширум САД, а податокот за ефикасноста претставува благ пад во одност на претходниот податок за 94,1 отстотна ефикасност обајвено во научното списание New England Journal of Medicine ланскиот декември.
Новиот податок се темелел на 900 анализирани ковид-случаи од студијата до 9-ти април, додека претодниот се темелел на сао 185 случаи.
Во „Moderna Inc.“ работата на две модификувани вакцини специвични за новиот сој на коронавирусот и од компанијата во април објавија дека студиите на лабораториски глувци покажале дека овие вакцини предизвикален зголемен имунолошки одговор.