Третата група цивили кои беа засолнати заедно со украинските борци во утврдените подземни коридори на металуршкиот комбинат „Азовстал“ во близината на украинскиот јужен пристанишен град Мариупол пристигнала во привремениот бегалски камп во селото Безименое, на територијата на самопрогласената Донецка Народна Република, соопштија силите на споменатата прорускиот сепаратистички регион.
Третата група цивили евакуирани од „Азовстал“ броела 25 лица и била евакуирана со два автобуса, пренесува репортерот на агенцијата РИА од Мариупол и додава дека поселдниот автобус пристигнал во Безименое во 21 часот по московско време. Така, вкупно во петокот, според руските извори, од територијата на челичарницата евакуирано е 51 лица, меѓу кои 11 се деца.
Локалните проруски власти во Мариупол истакнуваат дека сите извлечени цивили се предадени на претставниците на Обединетите нации и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Се додава и дека, според најавите од четвртокот, прекинот на огнот од страна на руските сили и отворањето на хуманитарните коридори за евакуација на цивилите ќе продолжи и во сабота.
Претходно беше објавено дека 178 лица, меѓу кои и деца во петокот во периодт од 8 до 16 часот по локално време, биле евакуирани од Мариупол во селото Безименое, во Новозаовската област во административниот состав на источниот украински регион Доњецк, кој од 2014 година по превратот во Киев е под контрола на силите на доминатно руското и рускојазично население.
Во времето на прогласувањето на ДПР во 2014 година, Мариупол, со население од околу 450 илјади луѓе, беше вториот по големина град во републиката по Доњецк. Меѓутоа, во јуни истата година, украинските безбедносни сили ја вратија контролата над Мариупол. На 7 март 2022 година, дванаесет дена по почетокот на руската офанзива, Александар Семјонов, заменик командант на баталјонот Восток на ДПР, рече дека градот е опколен и дека започнало чистење на некои од неговите области. На 16-ти април руското министерство за одбрана објави дека градската територија на Мариупол е исчистена од украинската армија, странските платеници и припадници на паравоените формации на екстремните десничарски движења од злогласниот полк „Азов“ од кои неколку илјади сѐ уште се утврдени во комбинатот „Азовстал“.
Мариупол е пристанишен град на Азовското Море со околу 480.000 жители во областа Доњецк, историска козачка крепост и е на патот од Русија кон Крим. Според последните податоци од 2011 година на отворени извори, околу 48 отсто од населението се Украинци и претежно русофони, 43 отсто се етнички Руси, 7 отсто се Грци а другото го сочинуваат Белоруски, Евреи, Ерменци, Бугари и други нации. Рускиот јазик го зборувале 87 отсто, а укринскиот го користеле помалку од 10 отсто, односно мешавина од руски и украински.